ФИБА го одреди терминот за Мундобаскетот 2023

Наредното издание на Светското кошаркарско првенство ќе се одржи во 2023 година од 25 август до 10 септември, одлучи ФИБА. Мундобаскетот ќе се одржува на азискиот континент, поточно во три земји: Јапонија, Индонезија и Филипини.

Најголемиот кошаркарски собир за првпат ќе се одржува во три земји. Натпреварите од групниот дел од првенството ќе се одвиваат во сите три земји, додека финалната фаза ќе се одржи во Манила, Филипини. На глобалниот турнир ќе учествуваат 32 репрезентации како минатата година во Кина. Квалификациите треба да почнат во октомври 2021 година.

Актуелен бранител на светскиот трон е Шпанија, која лани славеше против Аргентина во големото финале, додека трета светска сила е Франција.

- Оглас -

Најнови вести