10.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

ФИБА ја објави листата на фаворити: Американците први, Србите едвај во Топ 10!

Помалку од две недели остануваат до стартот на Светското кошаркарско првенство на кое за прв пат домаќини ќе бидат три земји и тоа, Филипини, Индонезија и Јапонија. Во пресрет на Мундијалот, Светската кошаркарска федерација (ФИБА) направи рангирање за тоа кои земји се фаворити за освојување на златниот медал.

Очекувано, прв фаворит е селекцијата на САД. Американците ќе бидат со 12 НБА ѕвезди и се главни фаворити за освојување на златото. Потоа следи Франција и Австралија, а Словенија е на четвртото место на оваа листа. Германија е на петото место на оваа листата потоа се Шпанија, Канада и Италија.

Селекцијата на Србија во чии редови откажаа неколку големи ѕвезди, вклучувајќи го и МВП во НБА, Никола Јокиќ е дури на деветото место на оваа листа. За шампион на Светското првенство во кошарка има квоти и во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести