ФИБА ни помогна, кошаркарите во Скопје ќе бркаат виза за квалификациите за СП 2023

Од 11 до 18 август, Македонската кошаркарска федерација ќе го организира турнирот кој ќе ги одреди учесниците во квалификациите за Светското првенство 2023 година. Светската кошаркарска федерација ја одреди Македонија како организатор на претстојниот турнир од групата Ф од претквалификациите за СП.

Скопје ќе биде градот домаќин на таканаречениот „балон“ во групата во која нашите кошаркари ќе играат против Швајцарија и Словачка. Согласно ждрепката, на 12 август ќе играме против Швајцарија, два дена подоцна против Словачка. На 16 август ни следува нова средба со Швајцарија, додека турнирот во Скопје ќе го затвориме на 18 август, со натпреварот против Словачка.

Првопласираните две репрезентации од овој турнир ќе бидат дел од главните квалификации за пласман на Мундобаскетот 2023 година, па играњето дома ќе биде одлична шанса за новиот селектор Драган Бајиќ да тргне со победи.

- Оглас -

Најнови вести