Светската куќа на кошарката ги одреди фаворитите за претстојното Европско првенство кое почнува на 1 септември и ќе се игра до 18 истиот месец.
Словенија како бранител на титулата е ставена како селекција со најголеми шанси да го освои трофејот, тоа не е изненадување со оглед на тоа дека лидер на екипата ќе биде Лука Дончиќ.
Втор фаворит е Франција, Грција исто така треба да се најде во борба за медал предводена од Јанис Адетокумбо.
https://twitter.com/EuroBasket/status/1554090325441912832
Изненадување се позициите на Шпанија и Србија. Црвената фурија како актуелен светски шампион е дури шести фаворити на Евробаскетот, додека континенталниот вицешампион, репрезентацијата на Србија предводена од двајцата МВП, Никола Јокиќ од НБА и Василие Мициќ од Евролигата, е ставена на четвртото место.
Литванија е петта, а листата од најдобрите осум селекции ја комплетираа Турција и Италија.
За потсетување, Евробаскетот ќе се одржува во четири земји, Германија, Италија, Грузија и Чешка.