Фибоначи бонусот усреќи мајстор за обложување кој со 50 денари доби над 6.000 евра (ФОТО)

Фибоначи бонусот, кој од пред неколку дена повторно е активен во Sport Life, навистина донесе голема радост кај еден мајстор за обложување, кој со 50 денари си заработи 394.803 денари.

Верниот играч од населбата Даме Груев со 18 одиграни парови, доби бонус од 276.243 денари, што е навистина фантастична вест за љубителите на ваквите тикети.

ФАВОРИТИТЕ ОДИГРАА ПО ПЛАНОТ

Речиси на сите од овие 18 натпревари, мајсторот за обложување одиграл на фаворитите, но додал и некои од популарните игри што ги има во понудата на Sport Life.

Милан со голот на Исмаил Бенасер славеше на гостувањето кај Калјари (1.70 коеф.), додека најнеизвесно беше на дербито меѓу Ајакс и Феенорд. Тимот од Амстердам губеше со 1:2 до 78-мата минута, а потоа со головите на Душан Тадиќ и Ентони направи целосен пресврт и беше погодена квотата од 1.47.

ОДБРАНА „ПЕТКА“ СО 4+ ЗНАЕ ДА ДОНЕСЕ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

Во Пробиштип обожаваат да играат на голем број погодоци, а доказ за тоа е и овој тикет што ни доаѓа од уплатниот објект Пробиштип 4, кој има добивка од 161.353 денари.

Со уплатени 200 денари, играчот одиграл пет натпревари, каде што бара да има најмалку четири погодоци.

Интересно е што речиси сите натпревари се од сабота и на самиот старт од второто полувреме паднаа веќе четири погодоци, а единствено неизвесност имаше во Бундеслигата.

Мајнц играше против Арминија Билефелд, а по првото полувреме, резултатот беше само 1:0. Сепак, во периодот од 65-тата  до 79-тата минута домаќините дадоа уште три погодоци, со што беше заокружена квотата од 3.90.

СТРУМИЧАНЕЦ ГИ „ОСЕТИ“ СРЕДБИТЕ НА ГОЛОВИ И СИ ЗАРАБОТИ 115.754 ДЕНАРИ

Нешто слично како тикетот погоре, нашиот играч од Струмица одиграл пет натпревари, каде што бара од два до три погодоци во двете полувремиња. А со таква игра, високи квоти и уплата од 30 денари си заработи 115.754 денари.

Сасуло со 4:1 ја совлада Специја, откако резултатот по првото полувреме беше 1:1. Домаќините со три гола во продолжението од средбата си обезбедија сигурна победа и најавија убава добивка со квотата од 5.35.

На тикетот има и натпревар од првенството на Никарагва, во кој се сретнаа екипите на Валтер Ферети и Депортиво Окотал, каде што развојот и конечниот исход на мечот беше идентичен како на средбата од Италија, а квотата за да видиме од два до три погодоци во двете полувремиња беше 5.05.

НИЦА ДАДЕ ГОЛ ЗА ГОЛЕМА РАДОСТ

Голот на Марио Лемина во 91-вата минута на средбата меѓу Олимпик Марсеј и Ница е навистина среќен за играчот којшто го уплати својот добитен тикет во Чаршија.

Тој со 100 денари си заработи 118.817 денари, а дербито во Франција, кое заврши со 2:1, беше одиграно ГГ, со што си фати квота од 1.82.

Покрај тоа што тој исто така веруваше во победа на Барса над Реал Мадрид, тој прогнозираше и триумф на Рома над Лацио, кој исто така беше убедлив (3:0) и погоди квота од 2.75.

Воедно, тој успеа да погоди и дека Кадис и Вилјареал ќе играат нерешено по првото полувреме и си заокружи 2.16 квота, но и дека Бетис и Селта на крајот ќе ги поделат бодовите и дека тоа ќе му донесе добитен коефициент од 3.35.

ВЕРУВАШЕ ВО ПОБЕДА НА БАРСЕЛОНА НАД РЕАЛ МАДРИД

Вчеравечер се одигра едно од најголемите фудбалски дербија во светот меѓу Реал Мадрид и Барселона, а наш редовен играч си уплати 200 денари на победа на гостите.

Тоа беше една од двете средби на тикетот на играчот од Гостивар кој си доби 155.229 денари.

Победата на Каталонците од 4:0 беше со фатена квота од 3.05, а воедно тој убаво погоди дека Реал Сосиедад и Севилја ќе одиграат нерешено, за што си заокружи коефициент од точно три.

Мустафа Сисе со голот во 82-рата минута ѝ донесе победа на Аталанта на гостински терен кај Болоња и исто така донесе уште поголема радост кај овој мајстор за обложување.

 

- Оглас -

Најнови вести