Фиеста во Мадрид, Реал после 15 години дочека да освои бодови за титула на „Бернабеу“ (Видео)

Реал Мадрид со убедлива победа од 4-0 против Еспањол, ја запечати својата 35-та шампионска титула во шпанското фудбалско првенство. Реал уште од 2007 година немаше прославено титула со освојување бодови на својот стадион „Сантијаго Бернабеу“.

Родриго даде два гола во првото полувреме, а Асенсио и Бензема го потврдија „покерот“ во мрежата на Еспањол кој има серија од 25 гостувања кај Реал без победа.

Голот кој го постигна Бензема, го искачи на трето место на вечната листа на стрелци кај Реал по број на голови во Ла Лига. Тој го надмина легендарниот Алфредо Ди Стефано, па пред него се само Кристијано Роналдо и Раул Гонзалес.

- Оглас -

Најнови вести