9.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

ФИФА донесе конечна одлука: Победниците од баражите ќе бидат во последниот шешир!

Светската куќа на фудбалот, ФИФА, и официјално ги потврди шеширите за ждрепката за Светското првенство 2026, која ќе се одржи за десетина дена. Слично како и за претходниот Мундијал, репрезентациите кои ќе обезбедат пласман преку баражот ќе се најдат во последниот шешир, а такви на ова првенство ќе ги има шест.

Четириесет и две селекции веќе се пласирани, последните шест места ќе бидат пополнети преку баражите, а четири ќе се играат во Европа, додека два се од интерконтиненталниот бараж. Македонија во полуфиналето од баражот ќе гостува кај Данска, па доколку успееме да се пласираме на Светското првенство, ќе се најдеме во последниот шешир.

Тоа се однесува и за Италија и останатите квалитетни селекции кои ќе играат во баражот, одлука која сигурно нема да им се допадне.

Воедно ФИФА одлучи најдобрите две репрезентации од ранг-листата, Аргентина и Шпанија, да не можат да се сретнат се до финалето на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести