ФИФА е пред одлука да ја суспендира Русија, има поддршка за ова од ИОК!

ФИФА е на чекор од донесување одлука за суспендирање на Русија додека трае конфликтот во Украина. Ова би значело дека Русија нема да игра во баражот за СП во Катар.

Интернационалниот олимписки комитет објави дека ќе ги поддржи сите спортски асоцијации кои ќе ги суспендираат Русија и Белорусија и нивните спортисти, па ФИФА има и ветер во грб да донесе ваква не баш популарна мерка.

Следна на ред ќе биде УЕФА, од која се бара да ги исклучи сите руски клубови од европските купови, секако и репрезентацијата. Засега исфрлен е Спартак Москва од Лигата ан Европа и раскинат е договорот со спонзорот „Газпром“.

Русија на 24 март треба да игра бараж со Полска во Москва, но Полјаците одбиваат да играат и ФИФА изгледа ќе застане на нивна страна, па ако војната не престане наскоро, Русија дефинитивно нема да биде учесник на Мундијалот. Можеби Полска не би отишла директно во финале во баражот, туку за противник ќе ја има Словачка, која беше веднаш зад Русија во квалификациската група.

- Оглас -

Најнови вести