21.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

ФИФА е сериозна во намерата на СП 2030 да играат дури 64 репрезентации

Светската фудбалска асоцијација ФИФА го поддржала предлогот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) за проширување на бројот на учесници на Мундијалот во 2030 година.

Предлогот е на СП 2030 година да има дури 64 земји учеснички. Во групната фаза би имало 16 групи од по четири екипи, при што првите две ќе продолжат во нокаут-фазата.

ФИФА веќе го зголеми бројот на екипи за Светското првенство од 32 на 48, а првото СП во овој формат со 48 тима ќе се одржи во 2026 година во САД, Канада и Мексико.

Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко, а по еден меч ќе има и во Уругвај, Аргентина и Парагвај.

- Оглас -

Најнови вести