Светската фудбалска федерација (ФИФА) и официјално го одобри воведувањето на новите правила и тоа пред почетокот на Мундијалот кој ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Со воведувањето на ВАР технологијата, фудбалот претрпе многу промени, а сега се воведуваат новитети кои треба да спречат „крадење на времето“.
ФИФА потврди дека пред почетокот на Мундијалот во сила ќе стапат неколку нови правила, па така:
- Играчот кој излегува од теренот ќе има 10 секунди да го напушти теренот. Ако тоа трае подолго време, фудбалерот кој треба да влезе во игра ќе мора да почека една минута за да влезе на теренот.
- Уфрлување на топката од страна (аут) ќе мора да се прави за пет секунди, во спротивно топката ќе биде доделена на противникот.
- Играчот кој ќе добие лекарска помош ќе мора да излезе од теренот и најмалку една минута ќе биде надвор од него.
- ВАР технологијата ќе има можност да интервенира за втор жолт картон и за корнери, ако грешката е очигледна.
Поголем дел од навивачите се среќни по воведување на овие правила затоа што знаат дека фудбалот ќе биде подинамичен и нема да има многу „крадење време“.

