ФИФА ги потврди носителите за ждрепката за СП, има еден „натрапник“

Само уште пет места останаа празни за учесниците на Светското првенство во Катар, а уште два ќе се знаат вечерва, по завршување на квалификациите во Средна и Северна Америка.

Иако има уште дилеми околу сите учесници, едно е јасно. Веќе се знаат осумте селекции кои ќе бидат носители на ждрепката која ќе биде во петок, во 18 часот. Португалија со победата над Македонија се смести во групата на носители на ждрепката за мундијалските групи.

Меѓу носителите се уште и Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и домаќинот Катар. Според квалитетот со којшто располага, Катар е далеку од селекција за првиот барабан, но како домаќин има повластена улога.

Според сегашната ситуација, речиси се познати и останатите барабани, па најверојатно е дека во вториот по квалитет барабан ќе бидат: Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Уругвај, Хрватска, како и САД и Мексико, кои ноќеска треба да го потврдат својот пласман на завршницата.

Во третиот барабан се: Сенегал, Иран, Јапонија, Мароко, Србија, Полска, Јужна Кореја, Тунис.

Во четвртиот барабан се: Канада, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана…

Остануваат да се одиграат три клучни баражи. Перу го чека подобриот од дуелот Австралија – ОАЕ, Велс ќе игра во баражот за СП со подобриот од Украина – Шкотска, додека Костарика за ривал ќе го добие подобриот од дуелот Соломонски Острови – Нов Зеланд.

- Оглас -

Најнови вести