ФИФА ги потврди промените за Светското првенство во 2026 година

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги потврди промените кои ќе се случат на наредното Светско првенство. На Мундијалот во 2026 година за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации наместо досегашните 32 селекции.

За првпат наместо осум групи со по четири селекции, сега учесниците ќе бидат поделени во 12 групи со четири тима. Понатаму ќе продолжат двете првопласирани од секоја група, плус најдобропласираните осум третопласирани.

Со овој распоред, на планетарниот собир ќе се одиграат уште 40 меча. Тоа значи дека во 39 дена, колку што ќе трае Мундијалот, ќе бидат одиграни вкупно 104 средби.

Претходно постоеше можност селекциите да бидат поделени по три во група, но очигледно дека таа идеја е откажана.

Новите 16 места ќе бидат распределени на тој начин што Азија ќе добие дополнителни три места, четири позиции има резервирано за африкански селекции, две плус од Северна Америка и две плус места за Јужна Америка. Европа ќе добие дополнителни три места на СП, а едно место е резервирано за селекција од Пацификот.

Светското првенство во 2026 година ќе се игра во три земји, а домаќини ќе бидат САД, Мексико и Канада.

- Оглас -

Најнови вести