Славниот бразилски клуб Ботафого испадна од Првата лига на Бразил по поразот ноќеска од Спорт Ресифе со 0:1. Популарните Фогао, на четири кола до крајот на Серија А во Бразил немаат веќе ниту теоретски шанси за спас, иако и пред дуелот со Спорт Ресифе тие беа во доменот на теоријата.
Ботафого има 24 бода на последното место, па Васко Де Гама со 37 на една позиција над зоната за испаѓање веќе е недостижен.
Ботафого е поранешен бразилски првак, има триумф и во Копа Либертадорес и ги има рекордите за најдолга серија без пораз во историјата на бразилскиот фудбал со низа од 42 дуели и сопственик е на највисоката победа со 24:0 против Спорт Клуб Манкуеира забележана во 1909 година.
ФИФА во 2000-та година го рангираше Ботафого како 12-та највлијателна и најдобра екипа на планетата во 20. век. Формиран е како веслачки клуб во 1894 година и целото име и ден денеска е „Botafogo de Futebol e Regatas“, а исклучиво како фудбалски клуб функциорнира 116 години од 1904 година.