Светската фудбалска федерација (ФИФА) вечерва одлучи финалниот натпревар на Светското првенство 2026 година да се игра во Њујорк на стадионот „МетЛајф“. Натпреварот за титулата треба да се игра на 19 јули 2026 година.
Стадионот „МетЛајф“ е дом на НФЛ-тимовите Њујорк џајантс и Њујорк џетс и има капацитет преку 80.000 седишта.
https://twitter.com/FIFAWorldCup/status/1754247704010514641?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1754247704010514641%7Ctwgr%5E380adfaad3aadba9002c08df761824616d0ed778%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24sedam.rs%2Fsport%2Ffudbal%2F278797%2Fovo-je-stadion-na-kojem-ce-se-igrati-finale-sp-2026%2Fvest
Стадионот е отворен во 2010 година, а за неговата изградба беа вложени 1,6 милијарда долари. Најгледан фудбалски натпревар е тој од минатото лето меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал кој го следеа преку 82.000 гледачи, додека во НФЛ-лигата, дуелот меѓу Џајантс и Џетс го следеа 83,367 гледачи.
ФИФА вечерва одлучи отворањето на СП 2026 кое ќе го организираат САД, Мексико и Канада, да биде на култната „Ацтека„ во Мексико сити, а полуфиналните дуели да се играат во Далас на 14 јули и во Атланта на 15 јули 2026 година.