ФИФА го почести, па го заборави Салах

Мохамед Салах најпрво доби подарок од ФИФА со наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во минатата сезона, а потоа на мистериозен начин не беше вклучен во идеалниот тим на сезоната.

ФИФА направи голем пропуст со еден од тројцата главни кандидати за наградата најдобар играч за 2017/18. Салах според бројот на гласовите, беше трет, зад победникот Лука Модриќ и Кристијано Роналдо, а воопшто не се најде во идеалниот тим.

Претходно, според многумина, египетскиот репрезентативец незаслужено ја доби наградата за најубав гол во сезоната, иако ножичките на Кристијано Роналдо на дуелот со Јувентус беа вистинска атракција и изгледаа многу подобро од погодокот на Салах за Ливерпул против Евертон, за кој ја доби наградата „Ференц Пушкаш“.

Сличен пропуст се случи и на голманската позиција. Тибо Куртуа беше избран за најдобар голман, а во најдобриот тим на ланската сезона „единицата“ му припаѓа на Давид де Хеа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести