Светската фудбалска федерација, ФИФА, не го положи испитот во врска со изработката на лого за следното Светско првенство, кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, барем така мисли мнозинството навивачи.
Откако ФИФА го претстави логото, по социјалните мрежи има само негативни коментари и веќе е прогласено за најлошо во историјата на мундијалите.
На логото е бројот 26 (ќе биде 26-то СП и ќе се игра во 2026 година) и во средина пехарот за светскиот првак. И толку. Коментарот кој доби најмногу лајкови е дека изгледа ова лого е направено во програмот „Пеинт“ за неколку минути.