Како што најавивме неодамна, македонската машка фудбалска репрезентација падна за едно место на најновата ранг-листа на ФИФА и сега е 69-та, со 8 бодови помалку од претходното рангирање во февруари.
Ремито со Молдавија и поразот од Црна Гора придонесоа за минималниот пад на листата, а поголем проблем се загубените бодови и ако тој тренд продолжи и во јуни кога ќе играме против силни селекции кои се далеку подобро рангирани, може Македонија да се најде и под 70-тата позиција.
Првото место и понатаму го држи Аргентина, втора е Франција, а сега трета е Белгија, која си ги замени местата со Англија, која падна на четврто место. Петти е Бразил, шеста е Португалија, која има скок за едно место, а една скала подолу е Холандија, која сега е седма. Топ 10 ги комплетираат Шпанија, Италија и Хрватска.
Интересна е ситуацијата со руската репрезентација, која нема право да игра официјални мечеви, а се искачи за три позиции. По победата во пријателскиот меч со Србија, Русите се 35-ти на светот.