ФИФА ја симна забраната за трансфери на ЖФК Љуботен, шампионот прв низ целта по вториот круг

Актуелниот женски фудбалски шампион на Македонија, Љуботен, ќе може да регистрира фудбалерки, но и да добие лиценца за настап во фудбалска Европа откако Светската фудбалска куќа, ФИФА, ја симна забраната за трансфери.

На ажурираната листа на ФИФА, остануваат прволигашите Шкупи и Воска, кои поради забраната ќе имаат проблем за добивање лиценца за настап во европските купови, но и двете екипи се далеку од пласман во фудбалска Европа.

Женските прволигаши го одиграа и последното коло од вториот круг, односно вкупно 18-тото коло, по кое шампионот Љуботен останува лидер со два поена предност пред Тиверија. По ова коло се чини дека Каменица Саса испадна од трката за титулата, иако со евентуална победа на одложениот натпревар против Скопје може да се доближи на -6 од лидерот.

Резултати – 18. коло:

Атлетико – Истатов 2-0
Ас јунајтед – Љуботен 1-5
Тиверија – Каменица Саса 3-0
Скопје – Топ гол 4-1

- Оглас -

Најнови вести