ФИФА итно суспендира само за една работа – Меси ќе игра во полуфиналето, а Хрватите велат: Уште подобро, ќе ги елиминираме со него во тимот

ФИФА најави дисциплинска постапка против Лионел Меси и Емилијано Мартинес за несоодветно и неспортско однесување кон Холанѓаните по драматичното четвртфинале што го доби Аргентина на пенали.

Казни сигурно ќе има за двајцата, но не итни и додека трае шампионатот, што е пракса на ФИФА, освен во еден случај.

Досега имало суспензии само ако фудбалер, или повеќе од нив биле позитивни на допинг тест, како што му се случи на легендарниот Диего Армандо Марадона на Мундијалот во 1994.

Тогаш Марадона беше позитивен на два допинг теста и по сугестија на ФИФА, Аргентинците сами го елиминираа легендарниот фудбалер за да не добијат уште поголема казна.

Освен такви случаи, досега на Светските првенства ФИФА не изрекувала итни казни, па се очекува и Меси и Мартинес да го доиграат турнирот во Катар и потоа да ги дознаат казните.

Противник на Аргентинците во полуфиналето ќе им биде Хрватска, а симпатизерите на Коцкестите интересно дури и навиваат Меси да игра во полуфиналето.

Најчести коментари се дека победата за ново мундијалско финале на Хрватска ќе биде послатка со Меси на терен во дресот на Аргентина.

Тој меч ќе се игра задутре од 20 часот, а ќе се судрат поразените селекции во двете последни мундијалски изданија.

Во Бразил на СП во 2014 година Германија ја победи Аргентина со гол во продолженијата, а во Русија пред четири години Франција беше подобра од Хрватска и ја освои светската титула со победа од 4:2.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести