ФИФА ќе добие нова членка, има помалку жители од општина Аеродром

Фудбалската репрезентација на Маршалските Oстрови наскоро треба да биде промовирана во рамноправна членка на Светската фудбалска федерација (ФИФА). Со тоа Маршалските Oстрови би добиле дозвола за настапи во квалификациите за Светското првенство и за континентален собир.

Маршалски Острови е земја која се наоѓа во средината на Тихиот Океан, северно од Науруа и Кирибари, источно од Сојузната држава Микронезија, а на југ е американскиот остров Вака.

Земјата се состои од 29 атоли и пет изолирани острови, а главен град е Маџуро, каде што живеат приближно две третини од населението. Според најновите проценки, Маршалските Острови имаат население од околу 56 илјади. Тоа значи дека Маршалските Острови по население се помали од скопската општина Аеродром.

Проектот за создавање национален тим беше започнат пред три години, а во август годинава беа одиграни првите официјални натпревари во рамките на островскиот Челинџ куп. Тимот претрпе два пораза. Прво, загуби од Американските Девствени Острови со резултат од 4:0, а потоа од Островите Туркс и Кајкос со резултат од 3:2.

Репрезентацијата ја предводи 36-годишниот Англичанец Лојд Оверс, додека најпознат играч е Метју Веб, 34-годишник со кариера во англиски клубови од пониските лиги. Националниот тим моментално е составен од аматери, вклучувајќи играчи кои играат во колеџ лигите во Соединетите Американски Држави.

Земјата сè уште нема свое фудбалско првенство, но се работи на воспоставување натпреварување кое треба да започне во 2026 година. Се очекува само четири клуба да учествуваат во првата сезона поради ограничениот број регистрирани тимови.

Новиот член на семејството на ФИФА најверојатно ќе учествува и во квалификациите за Светското првенство во 2030 година. Маршалските Острови беа откриени од Шпанците во 16 век, беа под британска власт во 18 век и беа преземени од Соединетите Американски Држави на почетокот на 20 век. Тие имаат статус на самоуправа од 1979 година и продолжуваат да добиваат американска поддршка.

- Оглас -

Најнови вести