ФИФА ќе има нов генерален спонзор, и тоа не од каде било, туку од Саудиска Арабија

Светската фудбалска организација, ФИФА, е пред договор за нов генерален спонзор, и тоа со најпрофитабилната компанија во светот, која доаѓа од Саудиска Арабија. Се работи за нафтената компанија „Арамко“, која е во државна сопственост и во следните 10 години ќе биде нов генерален спонзор на ФИФА, надминувајќи ги „Виза“ и „Кока Кола“ според спонзорскиот договор.

Арапите во следните десет години на ФИФА ќе ѝ даваат по 84 милиони долари годишно, или околу 800 милиони евра за десет години.

Ваквиот потег во американските медиуми веднаш беше поврзан со добивањето на организацијата на Светското првенство во 2034 на Саудиска Арабија, со оглед на тоа дека времетраењето на договорот се поклопува со годината кога ќе се одржи Светското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести