Фудбалската федерација на Гренланд веќе подолго време сака да стане рамноправна членка на ФИФА и на УЕФА и да може да учествува на официјални натпреварувања. Според последните најави, административните препреки се пред крај и Гренланд може да започне да се подготвува за сериозно ниво на фудбал.
Оваа селекција која уште нема право за настап на официјални средби, веќе ги промовираше новите дресови. Токму дресовите се вистинска асоцијација на тоа дека оваа земја 80 отсто е прекриена со вода и со мраз. Дресовите се во светло сина боја кои асоцираат на заледени санти мраз. На ракавите има црна линија која ги сомболизира гренландските везови.
GREENLAND DID NOT HAVE TO GO THIS HARD WITH THEIR NEW KIT 🤯🇬🇱
The Danish territory hit another home run with their new away jersey. It beautifully pays tribute to the Ice Sheet that forms the frozen landscape with a shoot location to match 😍 pic.twitter.com/hV8u3cJGzk
— Men in Blazers (@MenInBlazers) January 17, 2025
Доколку добие дозвола, Гренланд ќе стане нова членка на ФИФА и на УЕФА. Во семејството на УЕФА последни се приклучија Гибралтар и Косово. Најавите се дека има можност Гренланд да биде дел од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
Гренланд има еднаков статус како Фарски Острови, кои се дел од Кралството Данска, но тие веќе долго време имат своја репрезентација и учествуваат рамноправно во сите натпреварувања под ФИФА и УЕФА.
Може да се случи Гренланд да биде и дел од КОНКАКАФ зоната, па да игра во квалификации со земјите од Северна и Средна Америка. Гренланд веќе има своја ракометна репрезентација која се натпреварува во Северна и Средна Америка.
Гренланд е остров на кој според последниот попис од 2018 година, живеат само 55.887 жители. Најголемиот дел од луѓето се во главниот град Нуку, каде што има и фудбалски терени. Планот е да биде изграден нов стадион кој ќе биде во облик на школка и ќе биде затворен за да може Гренланд таму да ги игра мечевите во текот на целата година.