Најголемиот остров на светот, Гренланд, има фудбалска федерација, но ФИФА не сака да ги прими во своето друштво, затоа што нема адекватен терен за играње со природна трева.
Дури 80 проценти од Гренланд, е покриен со мраз, па оваа некогашна данска колонија, има проблем со студеното време особено од октомври до април. Гренланд е примен во меѓународните федерации во теквондо, бадминтон, ракомет, одбојка, биатлон и пинг понг, но Светската фудбалска федерација засега не сака да го прими.
Останува отворено прашањето зошто на Гренланд нема терени ниту со вештачка трева, какви што има на пример на северот на Норвешка или во Русија, каде се играат меѓународни мечеви.