Елиминацијата во групната фаза на Светското првенство во Катар многу тешко им падна на фудбалерите на Уругвај. Во последното трето коло, Уругвај победи со 2:0 против Гана, а им требаше триумф од три гола, па фудбалерите на јужноамериканската селекција беа лути зошто судијата не им дусуди пенал во последните моменти од средбата.
Искусните Единсон Кавани, Диего Годин, Фернандо Муслера и Хозе Хименез беа нјажестоки во реакциите по мечот, па затоа УЕФА реши да ги казни. Муслера и Хименез добија суспензии од по четири натпревари, а Годин и Кавани ќе паузираат по еден натпревар.
Исто така, сите суспендирани фудбалери тие ќе треба да извршат општокорисна работа поврзана со фудбалот и заедно ќе платат парична казна до 20.000 швајцарски франци. Фудбалската федерација на Уругвај ќе плати кана од 50.000 швајцарски франци за однесувањето на навивачите и членовите на стручниот штаб.