ФИФА не може да ги продаде билетите за СКП, па ги дели на студенти за 200 денари

Светската фудбалска федерација (ФИФА) се мачи да ги продаде влезниците за отворањето на Светското клупско првенство кое започнува викендов во САД. В недела рано наутро ќе се игра првиот меч од новото СКП меѓу Интер Мајами и Ал-Ахли, а според последните информации, не е распродаден ни половина од капацитетот на стадионот „Хард Рок“, кој има капацитет од 65.000 гледачи.

Токму затоа ФИФА започна промотивна акција за да може да се наполнат трибините на стадионот. Еден од клучните договори е постигнат со универзитетот Мајами Дејд, кој има повеќе од 100 илјади запишани студенти. На студентите им е понудено да купат билет за 20 долари, а со тоа ќе добијат дополнителни четири билети гратис. Тоа значи дека за 20 долари ќе се добиваат по 5 билети, што значи дека еден билет би изнесувал четири долари.

Оваа победа е испратена на емаил адресите на студентите и ФИФА се надева дека стадионот ќе биде исполнет.

Дури и на официјалната ФИФА продажба на билети е направена корекција на цените. Од 230 долари, билетите сега чинат само 55 долари.

„Ќе го исполниме стадионот, а атмосферата ќе биде неверојатна. Вистина е дека уште има слободни билети, но до почетокот на мечот ќе ги продадеме“, рече претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

- Оглас -

Најнови вести