Ова станува „кец у кец“ – ФИФА не може да куртули од криминал, има истрага и против Инфантино

ФИФА не може да крене глава од криминал и од криминалци и во континуитет ја тресат скандали од епски размери. Сега има истрага и против Џани Инфантино, актуелниот претседател на светската фудбалска асоцијација.

Ја почнаа Швајцарците а Инфантино ако се докаже дека е виновен ќе падне поради сомнителни дејанија со државниот обвинител на Швајцарија Михаел Лаубер, против кого исто така има истрага.

Се уште не е наведен онкретен случај зошто и првиот човек на ФИФА е сомнителен, но истрагата е веќе во тек.

Пред Инфантино претседател беше Сеп Блатер, против кого се уште е во тек судска постапка поради сомневање за корупција.

Блатер беше сменет во 2015 година со тешки оптужби за криминал. Имаше и многу сомнителни работи и индиции за криминал и при гласањето за одредување на домаќините на Мундијалот во Русија во 2018 година и особено за тој што треба да се игра во Катар за две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести