ФИФА планира да воведе нова забрана при пеналите!

Светската фудбалска федерација ФИФА, подготвува ново правило при пеналите во фудбалот, а на тапет се голманите.

На конгресот на ФИФА ќе се поднесе предлог на голманите да им се забранат „психолошки игрички“, поточно тие да не смеат да разговараат со изведувачите на пеналите и со тоа да влијаат врз нив пред шутот.

Главна причина за овој предлог наводно бил Емилијано Мартинез за неговото однесување на СП во Катар во пенал серијата во финалето против Французите.

Како и обично, постојат фановите кои се за и против ова ново правило. Едните сметаат дека е добро за да се истакне ферплејот, а другите сметаат дека голманите ќе бидат дополнително оштетени и дека ќе се загуби убавината ако ги нема тие ситни провокации.

- Оглас -

Најнови вести