ФИФА не толерира, Џеки Чен го чинеше Италијанецот суспензија од 10 натпревари

Дефанзивецот на Комо, Марко Курто, кој како позајмен настапува за Чезена во Серија Б, е суспендиран на 10 натпревари поради расна навреда и дискриминаторско однесување кон корејскиот напаѓач на Вулверхемптон, Хванг Хи-Чен, за време на пријателскиот натпревар во јули.

Курто пет меча ќе мора да отслужи веднаш, додека другата половина е условна и Марко не смее да го повтори делото во следните две години.

Ваквиот развој на настаните дојде откако Вулверхемптон по натпреварот во Марбелја поднесе жалба за случајот. Од Комо велеа дека Курто не навредил никого, но го осудија расизмот и само една недела по случајот го испратија на позајмица во Чезена.

„Ја поздравуваме одлуката на ФИФА. Тоа е јасен сигнал дека за расизмот нема место во фудбалот и дека дискриминаторското однесување не може да се толерира ниту во животот, ниту во спортот“, се вели во соопштението на Вулфс.

Казната за Марко Курто е затоа што за време на инцидент на теренот на мечот во јули, на свој соиграч му рекол за корејскиот фудбалер: „Игнорирај го, си замислува дека е Џеки Чен“.

 

- Оглас -

Најнови вести