Во четвртокот се одржа состанокот на управното тело на ФИФА, а иако сите очекуваа, сепак Израел воопшто и не беше тема. Норвешка побара исклучување на Израел од светската организација, а Турција тоа го направи преку соопштение, но ФИФА воопшто и не расправаше на оваа тема.
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, во изјава дадена по заврувањето на состанокот истакна дека воопшто и немаат намера да го исклучат Израел, односно нема да се мешаат во политиката, а нивната цел е друга.
„ФИФА не може да решава геополитички проблеми – но може и мора да го промовира фудбалот ширум светот, користејќи ги неговите обединувачки, образовни, културни и хуманитарни вредности“, рече Инфантино.
Следниот натпревар на фудбалската репрезентација на Израел е на 11 октомври, кога за противник ќе ја имаат Норвешка.