ФИФА официјално објави колку ќе заработи победникот на Светското клупско првенство

Победникот на првото издание на новиот формат на Светското клупско првенство може да заработи 125 милиони долари, објави ФИФА. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува една милијарда долари, а тие средства ќе бидат распределени меѓу 32-та клуба кои ќе учествуваат.


Дополнителни 250 милиони долари во форма на солидарни исплати ќе добијат клубови кои нема да бидат дел од ова издание на натпреварувањето.

Точниот износ зависи и од резултатите во групната фаза, во која секој тим ќе одигра по три натпревари. За победа ќе се доделуваат 2 милиони долари, додека нерешениот исход ќе носи 1 милион.


Пласманот во осминафиналето ќе донесе дополнителни 7,5 милиони долари, а четвртфиналето уште 13,125 милиони. Достигнувањето до полуфиналето на екипите ќе им обезбеди нови 21 милион долари. Победникот на турнирот ќе добие 40 милиони долари само за триумфот во финалето, додека поразениот финалист ќе инкасира 30 милиони.

Од наградниот фонд, 525 милиони долари ќе бидат распределени само за учество на клубовите, додека останатите 475 милиони ќе зависат од спортските резултати на екипите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести