Од денеска започнуваат возбудувањата во новата сезона на Лигата на нациите. Стандардно ќе има четири сегменти поделени по силата на репрезентациите. Во Сегментот 1 се најсилните репрезентации, оние кои сигурно ќе бидат и главни фаворити за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави на кој начин ќе се бираат носителите во квалификациите за СП 2026. Меѓу носителите ќе бидат осумте четвтфиналисти во Лигата на нациите, плус четирите најдоброрангирани по ФИФА-листата.
Ќе има дури 12 групи во европските квалификации за СП 2026. Седум групи ќе имаат по пет селекции, а пет ќе бидат со по четири. Најдобрите селекции од секоја група ќе обезбедат место на Мундијалот, а второпласираните од квалификациите и четирите најдобри репрезентации од Лигата на нациите кои нема да остварат директен пласман на Мундијалот ќе играат дополнителни квалификации за уште четири места на завршницата.
Европските квалификациите за СП 2026 година ќе започнат следната година.