Англискиот првак Манчестер сити е единствниот клуб кој може да се пофали дека заработил над пет милиони долари, и тоа благодарение на своите играчи кои беа дел од Светското првенство во Русија. Светската фудбалска федерација (ФИФА) преку Програмата за клупски бенефиции ги наградува клубовите кои имаат фудбалери на Мундијалот.
Меѓу оние кои ќе добијат свој дел од „колачот“ има 416 клубови од целиот свет, но ниту еден од Македонија, бидејќи ниту еден фудбалер кој настапува во Прва лига не беше дел од планетарниот собир.
Манчестер сити вкупно ќе добие 5.003.440 долари и е пред Реал Мадрид со заработка од 4.813.830 долари и Тотенхем со 4.385.792 долари. Во топ 10 листата има место и за Барселона, ПСЖ, Челзи, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид, Јувентус и Монако.
Деталната листа на ФИФА со сумите кои ги заработија сите 416 клубови може да ја погледнете ТУКА.