ФИФА покрена истрага за договорот на Анчелоти со Бразил

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА започна истрага за договорот на италијанскиот тренер Карло Анчелоти со бразилската конфедерација, јавуваат бразилските медиуми.

ФИФА веќе ги извести Бразилците за потребата од истрага за можни прекршувања на прописите за фудбалски агенти при ангажирањето на Анчелоти. Причината беше провизија од 1,2 милиони евра за бизнисменот Диего Фернандес.

На Диего кој беше посредник во преговорите, му биле исплатени 1,2 милиони евра, а тој не е лиценциран агент. ФИФА смета дека во овој случај, постои можно кршење на прописите.

ФИФА побара од бразилската федерација да даде појаснувања за ова прашање. Се бараат изјава во врска со улогата на Диего Фернандес во потпишувањето на договорот, каква било комуникација (е-пошта, текстуални пораки или пораки преку WhatsApp) во врска со договорот, особено во врска со Диего Фернандес, копија од сите плаќања извршени од федерацијата во врска со потписот, каков било договор склучен помеѓу нив и Диего Фернандес.

Самиот Диего Фернандес веќе објави дека формално дејствувал како консултант и дека ќе побара регистрација кај ФИФА за да добие „фер надомест за својата работа како посредник“.

- Оглас -

Најнови вести