3.8 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

ФИФА прави голема промена во календарот на репрезентативните мечеви

Светската фудбалска централа (ФИФА) воведе значајна промена во фудбалскиот календар, која ќе стапи во сила од сезоната 2026/27 и се однесува на репрезентативните паузи.

Оваа пауза е последна што се одржува на почетокот од септември. Од 2026 година паузите во септември и октомври ќе бидат споени во еден подолг период.

Така, наесен 2026 година, првата пауза за националните селекции ќе трае од 21 септември до 6 октомври. Тоа значи дека во период од три недели нема да се играат клупски натпревари. Во тој интервал репрезентациите ќе одиграат по четири натпревари, наместо досегашниот формат, по два во септември и уште два во октомври.

Втората есенска пауза ќе остане во ноември, кога меѓу 9 и 17 ноември националните тимови повторно ќе одиграат по два натпревари.

- Оглас -

Најнови вести