ФИФА предлага следните две сезони да почнат во пролет и да завршат во есен!

Европските национални лиги треба да размислат сериозно за идејата клупската сезона да се одвива од пролет до есен, изјави вицепретседателот на ФИФА, Виктор Монтаљани. Оваа мерка е предложена поради пандемијата од коронавирус, и поради наредното Светско првенство во Катар во 2022 година, кое ќе се игра во зима, поточно крајот на ноември и декември.

„Поради пандемијата, ФИФА е принудена да заобиколи некои од своите принципи. Сега одлуката за продолжување на фудбалската сезона зависи од локалните власти и ФИФА не го оспорува тоа. Но, ние имаме идеја да го промениме календарот за следните две години. Наместо традиционалната шема есен-пролет, може една или две сезони да се игра во рамките на една иста календарска година, поточно од пролет до есен. Треба да се има во предвид дека следното СП ќе се игра во периодот ноември-декември 2022 година” – вели Монтаљани.

Доколку првенствата почнат некаде во март, и би траеле до крајот на септември, репрезентациите и играчите ќе имаат доволно време за одмор и подготовки за Мундијалот 2022.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести