ФИФА промовира ново натпреварување, Македонија во моментов не е во комбинација за учество

Претседателот на Светската куќа на фудбалот, Џани Инфантино, на социјалните мрежи сподели информација дека ФИФА започнува со ново натпреварување во кое ќе учествуваат репрезентации од сите континенти. Натпреварувањето го доби името „ФИФА серија“ и започнува веќе следниот месец во прозорецот за репрезентативни натпревари.

На петте турнири ќе учествуваат по четири репрезентации и сите ќе одиграат по два натпревари. Според информации од ФФМ, до нашата Куќа на фудбалот нема пристигнато таква покана за учество, но сигурно би била прифатена доколку ФИФА нè покани да учествуваме.

Вака изгледаат турнирите кои ќе се одржат во март:

турнир во Алжир: Алжир, Боливија, Андора и Јужна Африка,
турнир во Азербејџан: Азербејџан, Монголија, Бугарија и Танзанија,
турнир во Саудиска Арабија (1): Зеленортски Острови, Екваторијална Гвинеја, Камбоџа и Гвајана,
турнир во Саудиска Арабија (2): Бермудски Острови, Гвинеја, Брунеи и Вануату,
турнир во Шри Ланка: Шри Ланка, Папуа и Нова Гвинеја, Централна Африканска Република и Бутан.

Според Инфантино, целта на овие турнири е да им се помогне на репрезентациите да играат едни против други иако се од различни континенти и во друг случај веројатно никогаш не би одиграле меѓусебен натпревар.

- Оглас -

Најнови вести