Саудиска Арабија ја доби довербата на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да биде домаќин на Светското првенство кое ќе се игра во 2034 година. Мундијалот тогаш ќе биде со 48 репрезентации, а англиските медиуми пишуваат дека турнирот би можело да се одржи во јануари.
Засега Светското првенство сè уште е предвидено да се одржи во јуни и јули, што е стандарден термин, но тогаш температурите во Саудиска Арабија надминуваат 40 степени Целзиусови. Покрај тоа, закажаните датуми се совпаѓаат со Рамазан, верски период во кој муслиманите постат во текот на денот.
„Доколку саудиските власти не дозволат одржување на голем верски фестивал, што се смета за малку веројатно, турнирот би можело да се игра неколку месеци порано од очекуваното“, пишува „Дејли експрес“. Извесно е дека ФИФА добро ќе ја анализира ситуацијата и веројатно ќе посегне по решение како пред две години, кога Светското првенство во Катар го префрли во зимскиот термин.
Следното Светско првенство во 2026 година се одржува во САД, Мексико и Канада, а во2030 година ќе биде во Шпанија, Португалија и Мароко откако Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на по еден натпревар на почетокот на турнирот.