Раководството на Светската фудбалска федерација, ФИФА, размислува да одржи консултации за проширување на форматот на Светското клупско првенство на 48 екипи од 2029 година доколку првото издание на турнирот ова лето (14 јуни – 13 јули) се покаже како успешно, објави весникот „Гардијан“.
Ова е диктирано од правилата, кои наведуваат дека само два клуба од една земја можат да учествуваат во натпреварувањето, со исклучок на Бразил (4 екипи) и САД (3 екипи), па затоа екипи од рангот на Барселона, Ливерпул, Манчестер јунајтед, Милан или Арсенал нема да учествуваат во првото издание летово.
Разговорите со клубовите ќе започнат веднаш по завршувањето на првенството ова лето, а генералниот секретар на ФИФА, Матијас Графстром, веќе изјави дека се отворени за идејата за промена на форматот и бројот на учесници.