Светската куќа на фудбалот, ФИФА, многу наскоро може да се одлучи за суспензија на сите репрезентации на Израел, но и на клубовите од оваа земја, по примерот на Русија и руските клубови. Ова прашање ќе се разгледува на следниот состанок на ФИФА, иако во моментов не се познати размислувањата дали тоа навистина може да се случи или само ќе се разгледува ова прашање.
Причината за покренување на оваа тема е добро позната, воените дејствија на Блискиот Исток, во кои се вклучени неколку земји од овој регион. Во телото на ФИФА кое треба да одлучува за ова прашање учествуваат претставници на сите земји членки, па голема улога ќе има и фудбалската дипломатија.
Прашањето за суспензија го покрена Палестина, која е член на ФИФА, иако не е член на ООН, а од Израел обвинуваат дека ова е политичко прашање на кое не му е местото во Светската куќа на фудбалот.