17.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

ФИФА сака да воведе ново правило кај пеналите

Светската фудбалска федерација, ФИФА, има намера да промени правило во врска со пеналите, објави германскot „Билд“.

Според изворот, на играчите ќе им биде забрането да постигнат гол откако топката прво ќе биде одбиена од голманот по одбранет пенал. Ако голманот одбрани пенал, ќе биде досуден гол-аут, нема продолжување на акцијата. Не е познато што ќе се случи ако топката ја погоди стативата или пречката, се одбие до изведувачот.

Новото правило би можело да стапи на сила во сезоната 2026/27. Сепак, прво мора да биде одобрено од Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (IFAB). Според „Билд“, организацијата веќе го отфрлила предложеното правило по прелиминарните консултации со клубовите и асоцијациите.

Ако сепак се одобри, правилото би можело да стапи на сила од следната сезона и нема да важи за Светското првенство во 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести