ФИФА сака да забрани трансфери поскапи од 100 милиони евра!

Светската фудбалска асоцијација, ФИФА, има желба да предложи варијанти за правна протекција на фудбалерите во време на пандемија како оваа од Коронавирусот, најави претседателот Џани Инфантино.

Инфантино смета дека не е фер играчите да губат толку многу пари, но тоа е неизбежно бидејќи клубовите немаат приходи кога не играат. На пример, Кристијано Роналдо има годишна плата од 31 милион евра, а ако сезоната во Италија биде прекината сега, тој од Јувентус ќе добие „само“ 20 милиони, а една третина од годишната плата ќе отиде во неповрат.

Ако се намалат платите на играчите и загубите на клубовите, лигите и за самите играчи би биле помали во вакви вонредни услови.

Летово ФИФА ќе ја разгледува можноста за отштета на фудбалери да не смее да се платат над 100 милиони евра и платите да не надминуваат 100 милиони бидејќи клубовите не можат да ги надоместат загубите. Досега за десетина фудбалери се платени 100 или повеќе милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести