ФИФА му се закани на Кардиф со забрана за трансфери доколку не ја плати предвидената прва рата од трансферот на загинатиот Емилијано Сала. Велшкиот клуб има 45 дена рок да му плати 5,3 милиони фунти (6 милиони евра) на Нант, иако Аргентинецот никогаш не заигра за англискиот второлигаш.
Како што е веќе познато, Кардиф и Нант се во конфликт поради финансиите околу овој ангажман. Сала позираше со дресот на Сините птици, меѓутоа не стигна да запише официјален настап бидејќи загина во авионска несреќа непосредно по официјализирањето на трансферот. Кардиф се противеше да плати, по што Нант поднесе жалба во Светската куќа на фудбалот, која го презеде случајот во свои раце.
Доколку велшкиот клуб не ја исплати споменатата сума во предвидениот рок, ФИФА ќе реагира со забрана за трансфери во три прозорци, а казната веднаш ќе стапи на сила.
Сала во јануари годинава требаше да претставува големо засилување на Кардиф за сума од 15 милиони фунти, но прерано го загуби животот откако авионот со кој патуваше се урна во каналот Ла Манш.