ФИФА и останатите континентални фудбалски федерации обавија заедничко соопштение преку кое најавуваат строги казни за клубовите и играчите кои би партиципирале во најавената „Суперлига“ што сакаат да ја формираат најбогатите клубови во Европа.
Планот е во следните неколку години да почне да се игра Суперлига составена од најмоќните европски клубови, или таканаречените Топ-16.
Тоа би била лига од полузатворен карактер и без испаѓање, би била пандан на Лигата на шампионите, а со текот на времето би се размислувало и за проширување со клубови од останатите континенти.
Сепак, засега сè е тоа само иницијатива, реализација нема сè уште, а ФИФА, УЕФА и останатите главни континентални федерации најавија дека сите фудбалери и клубови што би играле во оваа лига, нема да можат да учествуваат на натпреварувања што главните федерации ги организираат, пред сè на Мундијалите и на Европските првенства.