ФИФА со новости околу Светското клупско првенство, од Европа познати 8 тима, се чекаат уште четири

Европа ќе има 12 клуба на новото Светско клупско првенство кое ќе го организира ФИФА за првпат во следната 2025 година.

Сигурни учесници од Стариот Континент се: Челзи, Реал Мадрид, Манчестер сити (овие три клуба се последните три освојувачи на ЛШ), Баерн Минхен, Пари Сен Жермен, Интер, Порто и Бенфика (овие пет клуба влегуваат врз основа на резултати во европските купови во последните четири сезони).

Едно место ќе има за европскиот првак (или најуспешниот, ако ЛШ ја освои некој од овие осум тима) од сезоната 2023/2024, а уште по еден клуб ќе добијат Германија, Италија и Шпанија.

Од Шпанија кандидати се Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Сосиедад, тој што ќе стигне најдалеку сезонава во ЛШ, оди на Светското клупско првенство (ако Барса и Сосиедад испаднат во осминафиналето, Атлетико оди на Светското). Од Италија се Јувентус, Наполи и Лацио. Ако Наполи и Лацио испаднат во осминафиналето на ЛШ, тогаш Јуве оди на Светското клуско.

- Оглас -

Најнови вести