Со оглед на извештаите дека некои натпревари од Светското клупско првенство не привлекуваат публика и го нема очекуваниот број на продадени билети, ФИФА наводно донела одлука да ги замени седиштата што веќе ги купиле навивачите, со цел да ги собере на трибини спроти телевизиските камери и на тој начин да ги „скрие“ помалку полните трибини на стадионот.
Според „Дејли мејл“, некои навивачи веќе ја забележале оваа промена, но од ФИФА уверувале дека нема преместување на места со пониска цена од онаа што првично ја платиле фановите.
Други мерки што ги презеде ФИФА за зголемување на посетеноста на јавноста на Светското првенство вклучуваат намалување на цените на билетите за натпреварите и нудење попусти за студентите во градовите каде што стадионите ќе бидат домаќини на натпреварите. Делумно враќање на средствата е извршено и на оние кои купиле билети однапред, пред ова намалување на цената.
Новото Светско клупско првенство ќе започне доцна вечерва после полноќ со натпревар на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, помеѓу Интер Мајами и Ал-Ахли од Египер, кои се во групата А заедно со Порто и Палмеирас.