„ФИФА-вирусот“ повторно донесе повреди во Барселона

Репрезентативните активности и квалификациите за ЕП 2024 повторно и донесоа проблеми со повредите на фудбалерите на Барселона и тоа на десетина дена пред четвртото ЕЛ Класико сезонава.

Дефанзивецот Андреас Кристенсен за време на натпреварот на Данска против Финска на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2024, заработи повреда на листот на ногата и ќе мора да паузира неколку недели.

Ова е нова лоша вест за тренерот на Барселона, Чави Ернандес, бидејќи повреди заработија и Роналд Араухо и Френки де Јонг.

Кристенсен ќе мора да паузира најмалку три недели и сигурно е дека нема да биде во комбинација за настап во реваншот од полуфиналето во шпанскиот Кралски куп против Реал Мадрид, кој треба да се игра на 5. април на „Камп Ноу“.

Повредите на Араухо и на Де Јонг, не се толку сериозни и тие би можеле да настапат на последното Ел Класико сезонава, додека сигурно нема да играат Осман Дембеле и Педри кои од поодамна се повредени.

Мината година, на речиси секоја пауза поради репрезентативни активности, се повредуваше фудбалер на Барселона, а трендот продолжи и оваа година.

- Оглас -

Најнови вести