Џани Инфантино притиска за проширување на форматот на Мундијалите со 48 репрезентации да почне веќе на следниот шампионат во Катар во 2022 година.
Првиот човек на ФИФА најави дека треба брзо да се реагира, а одлуката за проширување и за Светско првенство со 48 репрезентации веќе во 2022 година би можела да се донесе на 14., или 15. март во Мајами.
Таму ќе се одржи седница на Советот на ФИФА, на кој ќе се решат многу работи, меѓу нив и најавеното проширување на форматот на Светските првенства.
Мундијал со 48 репрезентации е шанса и за помалите земји да го остварат сонот и да играат на големо фудбалско натпреварување. Меѓу нив секако е и Македонија, селекција која се уште го чека првиот голем настап на СП, или ЕП во сениорска конкуренција.