Светската фудбалска федерација, ФИФА, ја одобри апликацијата „Црвено копче“, дизајнирана за помош на фудбалерите кои ќе пријават обиди за местење на некој натпревар.
Играчите ќе може да информираат за секој обид за местење на кој се сведоци. Апликацијата е сопственост на светскиот сојуз на играчи ФИФПро и ќе биде распространета насекаде со посредство на локалните фудбалски сојузи на професионални играчи.
Секој сигнал ќе биде разгледан и испитан од соодветниот оддел на ФИФА, а според ФИФПро, фудбалерите ќе може да пријавуваат за нерегуларности без страв за себеси, семејствата или своите кариери.
Агенцијата Европол во август објави дека фудбалот е спорт кој е најмногу нападнат од криминалците кои се вмешани во овие нелегални местења на мечеви.