Србија доби нови лоши вести, но овојпат разочарувањето не дојде од играчите на теренот, туку од челните луѓе на ФИФА.
Покрај убедливиот пораз од Англија со 0-5 на домашен терен, Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) доби казна од 80.000 франци за инциденти поврзани со безбедноста на стадионот и несоодветното однесување на дел од навивачите за време на натпреварот во Белград на 9 септември 2025 година.
Но, паричната казна не е најтешкиот удар. ФИФА наложи намалување на капацитетот за наредниот меч против Албанија во Лесковац. Најмалку 20% од трибините, особено зад головите, ќе бидат затворени.
ФСС е должен најдоцна десет дена пред натпреварот да достави план за распоред на седиштата. Со одобрение од ФИФА, дел од местата може да се резервираат за посебни групи, како ученици или семејства, при што планот треба да вклучува активности против дискриминација, како маички или транспаренти со соодветни пораки.