ФИФПРО ги објави кандидатите за тимот на сезоната

Асоцијацијата на професионални фудбалери, ФИФПРО, ја објави листата на кандидати за место во нивниот избор за тим на сезоната. Ќе се одберат 11-темина кои биле најдобри во периодот од 21 август 2023 до 14 јули 2024 година.

Од голманите, кандидати за место во идеалниот тим се: Едерсон, Емилијано Мартинес и Нојер.

Најдобри одбранбени играчи се: Карвахал, Рубен Дијас, Ван Дијк, Фримпонг, Рудигер, Салиба и Вокер.

Од средниот ред изборот треба да падне меѓу: Белингам, Де Бројне, Фоден, Крос, Модриќ, Мусијала, Родри и Валверде.

Конкуренти за место во нападот се: Халанд, Кејн, Мбапе, Меси, Палмер, Кристијано Роналдо, Винисиус и Јамал.

Во гласањето ќе учествуваат 28.322 фудбалери од 70 различни земји низ светот, а идеалниот тим ќе се објави на деветти декември. Ќе се бира идеален тим и во женска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести